ФОТО: Филипче со студентите кои помагаат во анкентните листови на ИЈЗ

Министерот Венко Филипче ги посети студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за Јавно здравје.

Околу 40 студенти се вклучени во овој проект и тоа покрај Институтот за Јавно здравје и во Државниот санитарен инспекторат, така и во Центарот за јавно здравје во Скопје. Во наредните недели, согласно потребите, дополнителен број на студенти ќе бидат распределени и во центрите за јавно здравје низ земјава.

Сите тие ќе помагаат во изработка и внесување на податоците од анкетните листови на контактите на ковид позитивните пациети.

-Пронаоѓањето на контактите и нивна изолација е ден од најголемите предизвици со кој непрекинато се соочуваме. И за ова ни е потребна помош. Учеството на студентите е непроценливо голем придонес сега и во периодот кој ќе следи. Од друга страна, овие работни задачи ќе им понудат на студентите непроценливо искуство во сферата на епидемиологијата и јавното здравје- вели Филипче.

Министерството упатува благодарност и до Телеком кои обезбедиле телефонски уреди за сите студенти вклучени во проектот, како и на Нептун за донацијата на лаптопи.

Студентите се вклучија во овој проект по средбата на министерот со деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Соња Топузовска на која беше договорено ангажманот да трае шест месеци, а студентите освен што ќе стекнат искуство, на овој начин ќе ја реализраат и клиничката практика по јавно здравје и ќе им биде признаен стажот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот