ФОТО | Филипче од Струга: СДСМ го носи најдоброто за граѓаните

Венко Филипче во Струга
Филипче подвлече дека граѓаните ќе донесат голема победа низ цела земја и седми пат по ред ќе му пресудат на режимското ДПМНЕ / Фото: СДСМ

СДСМ продолжува да работи за доброто на државата, за граѓаните и со граѓаните. Го носиме најдоброто во секој дом и ги оставиме режимските сценарија во минатото, истакна потпретседателот на партијата Венко Филипче при вечерашната посета на Струга и струшко.

Тој подвлече дека граѓаните знаат што да изберат, знаат што им треба и оти, како што нагласи, ќе донесат голема победа низ цела земја и седми пат по ред ќе му пресудат на режимското ДПМНЕ.

– Разликата помеѓу некогаш и денес е видлива и може да ја почувствува секој наш граѓанин. Денес живееме во слобода, демократија и ги живееме прогресот и напредокот за кои се изборивме и вредно работиме. Живееме една поинаква реалност, наспроти заблудата и лагите кои ни ги нудеа ДПМНЕ цели 11 години, рече Филипче.

Побара поддршка од граѓаните својот глас да го дадат за кандидатите за градоначалник на СДСМ и коалицијата и, како што подвлече, да изберат реализација на проекти, наспроти заблуди и лажни ветувања.

– Живееме едно подобро време, а најдоброто доаѓа на голема врата во секој град и секое село. Најдоброто нуди светла и просперитетна иднина, нуди успеси наместо разочарувања, нуди уште поголеми реализации наместо стари лажни реторики, истакна Филипче.

Венко Филипче во Струга
Фото: СДСМ

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот