Реконструкција на Лондиниум, дел од базилика / Фото: Wikimedia commons / Facebook / Museum of London Archaeology

ФОТО | Фантастично откритие во Лондон! Пронајдена римска базилика стара 2.000 години во срцето на градот

Првата римска базилика во Лондон, Англија, е откриена под подрумот на деловна зграда во близина на пазарот Лиденхол. Првично двокатна, базиликата била изградена во 70-тите или 80-тите години од нашата ера, само неколку децении откако Римјаните го нападнале островот, пренесува „Гардијан“.

Две илјади години старата зграда била изворот на енергија на Лондиниум (познат и како римски Лондон, главен град на римската Британија) како што ја нарекувале Римјаните, служејќи како политички, судски, трговски и социјален центар за жителите и посетителите.

Кога била целосно изградена, таа била најголемата градба од тој тип северно од Алпите, што укажува на важноста на Лондон во Римската империја.

Експертите од Археолошкиот музеј во Лондон открија остатоци од базилика под улицата Грејсчрч 85 и беа изненадени од зачувувањето на зградата. Јавноста ќе може да ја види до крајот на деценијата.

„Ова е едно од најзначајните откритија во градот во последните децении“, рекла Софи Џексон, директор за развој при Археолошкиот музеј во Лондон.

Лондиниум се протегал по северниот брег на Темза, каде што сега се наоѓа модерен Лондон. И покрај тоа што бил напуштен во петтиот век, распоредот на Лондиниум го определил обликот и развојот на средновековен Лондон и, следствено, модерната метропола.

Низ вековите, теренот на Лондон се подигнал и затоа голем дел од римските улици и згради лежат закопани до седум метри под денешните улици.

Остатоците од првата римска базилика во Лондон се откриени за време на археолошко истражување на деловна зграда која е планирана за уривање. По ископувањето низ бетонот, археолозите пронашле темели и ѕидови направени од кентски камен, малтер и римски плочки.

Цртеж од реконструкција на градот Лондиниум / Фото: Wikimedia commons / Carole Raddato

Што е уште поважно, темелите се наоѓаат во областа каде што експертите веруваат дека се наоѓала базиликата позната како Трибунал. Таму, на подигната сцена, судиите, политичарите и важните функционери ќе објавуваат важни одлуки за Лондиниум.

„Нивото на зачуваност на базиликата ги надмина нашите очекувања. Го ископавме можеби најважниот дел од зградата“, рекла Џексон.

Археолозите веќе знаеле за локацијата на базиликата, но немале индикации колку од зградата преживеала. Базиликата била дел од поширок форум – отворен плоштад каде се одвивал секојдневниот живот.

Форумот бил срцето на римскиот Лондон и се верува дека бил изграден во 70-тите или 80-тите години за време на гувернерството на Агрикола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот