ФОТО: Фановите велат дека Бијонсе „се поправила“ за време на пандемијата, но таа не обрна внимание и гордо позираше!

Instagram
Фотографија: Instagram

Американската музичка дива Бијонсе (39) на својот инстаграм – профил објави нова фотографија на која позира во спортско издание, а со својот изглед ги воодушеви сите следбеници, иако некои од нив ја коментираа нејзината тежина.

Имено, познатата пејачка позираше во црна тесна маица и шорцеви со златни ленти на кои пишува „Ivy Park“ – името на нејзината соработка со брендот „Adidas“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Бијонсе гордо ги покажа своите облини – затегнати нозе, голем задник и гради, но фановите тврдат дека Бијонсе се здебелила многу повеќе во споредба со претходните години.

Носеше црни салонки и црна јакна, па уште еднаш докажа дека елегантно – спортската комбинација сепак ќе има место во модата.

Косата на фотографијата и е природно виткана коса, дел собрана во пунџа, додека на лицето носи црни очила за сонце, па целата комбинација на фотографијата изгледа тотално „шик“ и „лудо“, како што велат фановите.

Таа наскоро ќе ја објави колекцијата облека „Icy Park“, додека „Ivy Park“ започна минатиот месец.

„Изгледа брутално“, „Градите и се поголеми од вообичаеното“, „Тоа е затоа што се здебели“, „Нема подобра дива од Бијонсе“, беа само дел од бројните коментари на нејзините следбеници.

Таа собра 4,3 милиони лајкови на објавата, додека 164 милиони луѓе ја следт на нејзиниот инстаграм профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот