ФОТО: Европското ракометно чудо Вардар е мотив плус за нашите фудбалери

Фото: РК Вардар/Денис Дуковски

Македонската фудбалска А репрезентација веќе се подготвува за дебитантскиот настап на Европското првенство 2020.

Поддршката доаѓа од сите страни, како и од ракометарите на Вардар 1961 кои исто така со големо внимание ќе ги следат настаните на континенталниот собир.

РК Вардар, двократниот европски шампион, испраќа силна поддршка до нивните спортски колеги од фудбалската репрезентација.

Европските чуда кои ракометарите на Вардар кои ги направија во 2017 и 2019 година e мотив плус за избраниците на селекторот Игор Ангеловски.

Храбро до последен атом, Македонија ќе игра на Европско првенство, сонот наш од детство, но и сон кој се надеваме дека во иднина ќе го остваруваат и следните македонски фудбалски генерации.

Фото: facebook.com/footballfederationofmacedonia

Убави зборови од Шевченко: Македонија има добра екипа, видовте што и се случи на Германија

ВИДЕО I Атлетик ја анализира играта на Македонија, имаат одличен пресинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот