ФОТО | Еве како падна во раце на полицијата Малиот Репки, озлогласениот криминалец од Батинци

Апсење / Фото: Министерство за внатрешни работи

Како што утрово објавивме, во текот на минатата ноќ, околу 2 часот, „Тигрите“ на МВР го упасија познатиот бандит, рекетар и насилник Зулќуфли Нуредини, познат како Малиот Репки од Батинци, кој бил лоциран во велешко.

Веста преку соопштение ја потврди и МВР:

– Полициски службеници од САЕ Тигар во координација со АНБ на 2.10.2021 во 1.40 часот во месноста Лавчани на територија на Велес го приведоа З.Н. (30) од с. Батинци кој се барал со потерница поради основано сомнение за повеќе сторени кривични дела, меѓу кои две „обид за убиство“. Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство, стои во соопштението на полицијата.

Малиот Репки е озлогласен криминалец кој повеќе години се криеше од правдата и малтретираше и рекетираше бизнисмени од скопскиот, тетовскиот и кумановскиот регион, а организатор е и на повеќе грабежи. Но, синоќа падна во стапицата на специјалците на МВР и сега ќе мора да се соочи со правдата, а граѓаните од овие региони нема повеќе да стравуваат од овој насилник.

Фото: Министерство за внатрешни работи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот