17.8 C
Скопје

ФОТО: Ереван ја одбележува 106-годишнината од геноцидот врз Ерменците

Илјадници Ерменци денеска со свеќи и цвеќиња во рацете шетаа низ Ереван, одбележувајќи ја 106-годишнината од геноцидот врз Ерменците за време на Отоманската империја.

Фото: EPA-EFE/NAREK ALEKSANYAN

Војници, верски службеници, жени со деца, владини службеници, вклучително и премиерот Никол Пашинијан, пристигнаа пред меморијалниот центар посветен на жртвите. Секоја годна на 24 април, денот кога почна масакрот во 1915 година, Ерменците го посетуваат Меморијалниот центар.

Фото: EPA-EFE/NAREK ALEKSANYAN

Иако поголем број историчари оценуваат дека Отоманската империја извршила геноцид врз Ерменците и припадниците на другите етнички и верски малцинства помеѓу 1915 и 1917 година, Турција тврди дека тоа било време на војна и оти имало загуби на двете страни, како и дека убиени се околу 300.000 Ерменци.

Фото: EPA-EFE/NAREK ALEKSANYAN

Поглаварот на Ерменската апостолска црква, католикос Карекин Втори, одржа миса покрај споменикот.

Фото: EPA-EFE/NAREK ALEKSANYAN

Околу 10.000 луѓе синоќа прошетаа низ Ереван со факели за да им оддадат почит на жртвите од геноцидот. 

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар