ФОТО | Емили Ратајковски стана мајка: Запознајте го малиот Силвестер!

Instagram
Фото: Инстаграм

Американската манекенка, по потекло од Полска, Емили Ратајковски (29), пред еден час, на својот инстаграм – профил, во нејзин оригинален стил ги извести нејзините следбеници дека се породила.

Имено, манекенката сподели фотографија од породилиштето каде го држи во раце синот Силвестер и го гледа со многу љубов, а пред нејзините фанови сподели дека момчето се родило пред неколку дена, на 8 март, поточно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)


Роден е Силвестер Аполо Бер. Тоа се случи на 8 март 2021 година, во најнереалното и најисполнето утро во мојот живот, напиша манекенката.

Манекенската притоа го добила и најубавиот празничен подарок по повод Денот на жената.

Патем, Силвестер е машко име кое потекнува од латинскиот збор „silvestris“ што значи шума, планински човек, а во некои земји „Силвестер“ е исто така е име кое ја означува новогодишната ноќ.

Емотивната објава, како и сцената од породилиштето ги разнежни пријателите и фановите на манекенката кои во коментари под фотографијата и го честитаа раѓањето на синот, а објавата има повеќе од милион „лајкови“ за помалку од дваесет минути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Да потсетиме, Емили ја откри среќната вест за бременоста во авторскиот текст за списанието „Vogue“, а таа и нејзиниот сопруг Себастијан по тој повод го информираа светот дека не сакаат да го дознаат полот на бебето се до породувањето.

Кога сопругот и јас ќе им кажеме на нашите пријатели дека сум бремена, првото прашање после: „Честитки“ е скоро секогаш: „Дали дали е момче или девојче?“. Ние нема да го знаеме полот, не само до породувањето туку додека нашето дете не наполни 18 години, а со тоа му дозволиме самото да не извести и да одбере, изјавила Емили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот