ФОТО | Емили Ратајковски позира целосно гола: Се чувствувам како „Вини Пу“

Манекенката Емили Ратајковски ужива во последните моменти од бременоста. Таа, на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која позира целосно гола признавајќи дека се чувствува како „Вини Пу во човечка форма“.

Манекенката сè уште не го потврдила терминот кога треба да се породи, но многумина шпекулираат дека тоа ќе се случи на почетокот на пролетта.

29-годишната Емили се огласи на социјалната мрежа „Инстаграм“ во четвртокот, споделувајќи со своите обожаватели и пријатели дека со нетрпение го очекува своето прво дете со сопругот Себастијан Беар-Меклард.

Instagram
Instagram

Понекогаш се чувствувам како „Вини Пу“ во човечка форма, друг пат како божица на плодноста со сочен задник“, напиша моделот со фотографиите на кои позира гола во бањата.

Instagram
Instagram

Ја направив оваа фотографија кога се чувствував како второто. Во секој случај, знам дека за многу брзо ќе ми недостасува овој стомак и овие удари“, додаде таа.

Ова не е прв пат супермоделот да позира гола славејќи го своето тело. Таа на сличен начин, во октомври, откри дека го чека своето прво дете.

Instagram
Instagram

Супермоделот за „Vogue“ изјави дека ќе го воспитува своето прво дете небинарно, и на 18 години нивното дете ќе ги извести за својот пол.

Кога сопругот и јас ќе им кажеме на пријателите дека сум бремена, нивното прво прашање по: -Честитки, скоро секогаш е: -Дали знаеш што носиш?“, вели таа.

Instagram
Instagram

Обично одговараме дека нема да го дознаеме полот се додека нашето дете не наполни 18 години и ни каже како се чувствува“, додава модната икона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот