ФОТО | Eмили Ратајковски отворено за своето тело: Не бев само позната, туку бев позната како многу секси девојка!

Емили Ратајковски

Емили Ратајковски отворено раскажа во својата нова збирка есеи „Мy Body“ околу проблемите со идеализирањето на манекенките и славните личности, меѓу другото и од личен аспект откако стана мајка.

На Инстаграм профилот, Емили има преку 28 милиони следачи и огромно искуство во светот на моделството. Таа во медиумите е често претставена како секс симбол, поради што и нејзините размислувања околу објективизацијата и експлоатацијата на многумина им се фасцинантни – пренесуваат од Index.hr.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Ратајковски стана славна на 21 годишна возраст кога се појави гола во спотот на Робин Тике, во 2013. Познатиот хит „Blurred Lines“ тогаш собра преку 700 милиони прегледи на Youtube.

Емили за својата позиција вели:

„Не бев само позната, туку бев позната како многу секси девојка, што на многу начини беше сатисфакција за мене“

Книгата предизвика реакции на социјалните мрежи затоа што во неа Емили опишува неколку случаеви во кои била сексуално вознемирувања во текот на својата кариера. Таа поднесе и тужба против Робин Тике, раскажувајќи како на снимањето на видеоспотот, недостојно ја допирал.

„Причината поради која пишував за тие искуства не беше просто споделување или набројување, повеќе беше еден вид враќање во мигови од кои навистина многу се срамам и мислам на нив, па затоа сакам да ги споделам.

Емили Ратајковски беше честа „мета“ на социјалните мрежи кога отворено ја споделуваше и често ја сликаше својата бременост со фотографии на кои е гола или речиси гола. Некои од коментарите ја славеа моделката, а некои просто коментираа дека е невкусно да се сексуализира телесноста додека жената е во бременост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот