ФОТО | Емили Ратајковски критикувана од бројните фанови и Пирс Морган: Го држиш детето како вреќа ориз!

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Манекенката Емили Ратајковски на својот инстаграм – профил се пофали со фотографиите на кои позира со нејзиниот син Силвестер Аполо по повод нејзиниот 30-ти роденден, но манекенката веројатно не очекуваше дека ќе биде мета на критики поради истата фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Емили позираше во бикини, држејќи го својот син во раце, а штом ги објави фотографиите, нејзините бројни фанови коментираа за начинот на кој го држи детето и ја осудија за тоа.

„Треба да му ја држиш главата“, „Го држиш детето како вреќа ориз“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници, а Емили потоа ја исклучи можната за коментирање под објавата, која достигна над 1.200 коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)


Но, се чини дека на поголемиот број од нејзините обожаватели не им пречеше фотографијата, која и покрај лошите коментари собра скоро 2 милиони „лајкови“.

По забраната за коментирање, критичарите продолжија на социјалната мрежа „Твитер“ на истата тема, а познатиот британски водител Пирс Морган се приклучи во коментирањето на фотографијата на манекенката и исто така ја осуди.

„Вака не се држи дете и не треба да поттикнувате милиони ваши фанови да го сторат истото. Со задоволство ќе ви дадам совет ако ви треба“, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот