ФОТО | „Еми“ за Кејт Винслет, Оливија Колман и Џош О’Конор: Повеќето награди отидоа во рацете на брилијантни актерки

Драмата „Круна“ и комедијата „Тед Ласо“ освоија главни награди на доделувањето на големите телевизиски награди „Еми“ во неделата, додека „Дамски гамбит“ беше прогласена за најдобра ограничена серија!
View this post on Instagram
Очекувано, наградата за најдобра драмска серија ја доби „Круна“ во продукција на „Нетфликс“, додека наградата за најдобра хумористична серија припадна на серијата „Тед Ласо“ во продукција на „Епл TВ+“. Ниту „Нетфликс“ ниту „Епл ТВ+“ претходно не освоиле „Еми“ за најдобра комедија или најдобра драмска серија.
View this post on Instagram
Оливија Колман и Џош О’Конор од „Круна“ освоија награди за најдобри драмски актери.
View this post on Instagram
Колман и О’Конор, кои ги играа кралицата Елизабета и принцот Чарлс, беа прогласени за најдобра драмска актера и актер во раскошната сага за британското кралско семејство.
View this post on Instagram
Кејт Винслет беше прогласена за најдобра актерка за нејзината улога на „проблематичната“ детективка во лимитираната серија „Кобилата од Исттаун“, додека Ијан Мекгрегор победи во истата категорија за својата улога на моден дизајнер во минисеријата „Халстон“.

По сезоната која се фокусираше на несреќниот брак на принцот Чарлс и принцезата Дијана, за легендарната улога во серијата „Круна“ во категоријата најдобра споредна актерка победи Џилијан Андерсон која ја толкуваше поранешна британска премиерка Маргарет Тачер, а наградата за најдобар спореден актер ја доби Тобијас Мензис кој го глумеше покојниот принц Филип.
View this post on Instagram
Џејсон Судејкис, ѕвездата и ко-креатор на серијата „Тед Ласо“, беше прогласен за најдобар актер во комедија, а Хана Вадингем и Брет Голдстејн за најдобра споредна улога.
Џин Смарт доби овации кога беше прогласена за најдобра актерка во комичната серија „Hacks“ во улога на стенд-ап комичарка.
View this post on Instagram
Церемонијата поради пандемијата на коронавирусите се одржа во шатор во центарот на Лос Анџелес, со намалена листа на гости кој морале да прикажат доказ за примена вакцина и негативен ковид-тест.
