ФОТО | Емануел и Брижит Макрон на летен одмор: Францускиот претседател ги покажа мускулите
Францускиот претседател Емануел Макрон со сопругата Брижит паузираат од напорната година зад себе, во која поминаа и претседателски избори, па пред неколку дена „побегнаа“ од градскиот метеж на остров на француската ривиера на кој практично не постои ништо друго освен средновековната тврдина – Brégançon, каде што престојуваат.
View this post on Instagram
И додека францускиот претседател и првата дама уживаат во одморот, папараците вложиле напор да дојдат до ексклузивни фотографии, а судејќи по објавите на социјалните мрежи, се исплатело мачењето и трудот.
View this post on Instagram
Според фотографиите, може да се види дека Макрон е вистински спортски тип и ужива во летните лудории. Всушност, Макрон води активен одмор, а Брижит повеќе пасивен.
View this post on Instagram
Макрон бил „уловен“ во моменти на опуштање, додека возел кану и скутер, но и додека се сончал на преклопен стол на плажа.
View this post on Instagram
Љубовта на Емануел и Брижит Макрон: И покрај критиките, го дочекаа вториот мандат во среќен брак
Брижит Макрон блескаше на изборната ноќ: Првата дама на Франција повторно со впечатлив стајлинг