ФОТО | Елизабет Харли и со повредена нога блескаво позира: Гламурозна и со лонгета

Елизабет Харли/Инстаграм
Елизабет Харли/Инстаграм

Британската актерка Елизабет Харли иако имаше незгода на снимање филм, тоа воопшто не ја загрижува пред камерите – секогаш насмеано позира, а така беше и во овој случај.

Парараците ја фотографираа Елизабет на улиците во Лондон првпат откако имаше незгода на Кариби. Таа беше „начекана“ по ручек во еден познат ресторан, а на фотографиите се гледа дека носи медицинска чизма и неочекувано масивен леопард капут.

Елизабет Харли/Инстаграм/Профимедиа
Елизабет Харли/Инстаграм/Профимедиа

Елизабет го повреди својот зглоб додека беше на снимање на филм на Карибите, а потоа и беше ставена медицинска чизма за да ѝ  се фиксира зглобот. Атрактивната бринета иако доживеа незгода, насмеано им позираше на папараците како ништо да не било. Таа носи длабоки црни патики овој пат, иако е позната дека обожава високи потпетици.

Целосниот стајлинг е дополнет со чанта од Гучи и огромни кафеави наочари.

Елизабет Харли
BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Елизабет Харли е една од најпознатите британски актерки, а 13 години беше во брак со Хју Грант, со кого се разведе откако дозна дека тој имал афера со проститутка. Мајка е на синот Демиан, кој има 20 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот