ФОТО+ВИДЕО | Ели руши бариери: Прва „Вог“ моделка со Даунов синдром, инспирација за сите
Кога пред 19 години се родила Ели Голдштајн, нејзината мајка Ивон добила страшни вести од докторот: Девојчето родено со Даунов синдром нема да може да оди, зборува или да води самостоен живот.
Чуда, сепак се случуваат кога веруваме во нив.
Ивон Голдштајн, мајката на Ели Голдштајн сега гордо ја гледа својата ќерка како позира пред камери.
Ели е една од првите модели со Даунов синдром која ги руши границите и му покажува на светот што значи да бидеш инспириран и да инспирираш. Таа го следи својот сон, и иако го почнува својот пат како модел пред три години, веќе е заштитно лице и на кампањата на Гучи „Неконвенционална убавина“, а веќе е и бренд амбасадор на многу познати имиња.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Девојката која ја краси силниот став и одлучност да направи разлика во светот во кој живее, како и да ја покрене свесноста за лицата со Даунов синдром беше прогласена за една од жените на годината.
„Возбудливо е да сте жена на годината и да сте дел од ова снимање. Кога имав 15 години, сакав да станам модел. Кога ѝ го кажав тоа на мајка ми, таа ме поддржа и ми помогна да најдам агент. Сакам да бидам на насловните страници во списанијата. Секогаш кога правиме снимање или интервју, уживам во тоа. Се надевам дека ова ќе ги инспирира и другите да го следат својот сон“ – изјави Ели, пренесува „Тhe Sun“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Освен што обожава да позира пред камери, Ели е родена за танц. Обожава да танцува и според кажувањата на нејзината мајка, кога проодела, Ели прво почнала да танцува и да „изведува“ кореографски точки на музика. Дека е важна и социјалната активност за Ели, зборува и фактот што таа е дел од кампањата „Тhe Sun’s Give It Back“ давајќи поддршка во борбата за финансирање на деца со инвалидитет.
View this post on Instagram