ФОТО | Елена Ристеска во официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот “Наше море, наше скале” во Херцег Нови

Елена Ристеска/ Инстаграм
Елена Ристеска/ Инстаграм

Нашата позната поп пејачка Елена Ристеска – Ера редовно споделува фотографии на социјалните мрежи од нејзините најнови ангажмани, а последно сподели и информација околу нејзиното жирирање на еден од познатите фестивали во Црна Гора.

На инстаграм профилот, Елена објави фотографии и видео од официјалната прес конференција која се случуваше во Куќата на Нобеловецот Иво Андриќ.

„Огромна чест ми е да споделам со вас дека сум дел од официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот “Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора.
Задоволство ми е што заедно со Џорџе Давид и Данијел Алибабиќ ќе ги избираме песните што ќе влезат во потесна селекција за учество на фестивалот кој ќе се одржи во јуни 2022ра година , целосно нова приказна за целата балканска музичка сцена.
На оваа прес конференција јас сум претставник од Македонија, Данијел за Црна Гора и Џорџе Давид за Србија и покрај комисиска улога, имаме и промотерска улога и сме дел од организацијата.
Благодарам за поканата на организаторот “Адриа и Јадран медиска група” со која од денес па натаму ќе имаме одговорна задача да одбереме убава шоу програма на фестивалот.
Јас од црногорските фестивали и црногорската публика ја имам поддршката во кариерата уште од самите почетоци, покрај неколкуте учества ги имам и двете прекрасни награди за “Дебитант на годината” и за “Дует на годината” со Регина, истата година и ден кога бевме и предгрупа на концертот на Ролингстоунс во Будва.
Нека ни е среќно и успешно ова патешествие!

– напиша таа во објавата.

Освен што ја сподели оваа вест со своите следбеници, таа се фотографираше во Подгорица со својот пријател од музичката естрада, Бојан Маровиќ за кој напиша дека „ ѝ е како брат“ и дека ужива во гостопримството во Црна Гора.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот