ФОТО | Елена Ристеска направи мала забава: Денес полнам 35 години и сè уште не ми треба ботокс

Instagram
Instagram

Елена Ристеска во друштво на нејзините најблиски пријатели и семејството го прослави 35-тиот роденден.

Нашата позната пејачка на својот инстаграм – профил објави прекрасни фотографии од интимната роденденска прослава, опружена со прекрасни букети свежо цвеќе, роденденска торта со многу пеперутки и прекрасни подароци.

Ристеска се пофали со дел од подароците, а еден од нив е особено оригинален и тоа грамофон и плочи од Мајкл Џексон, Лана Дел Реј и многу други познати изведувачи.

Пејачката доби и бројни честитки на социјалните мрежи од нејзините обожаватели, но и од познати јавни личности како Каролина Гочева и актерката Весна Петрушевска.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

На својот инстаграм – профил пејачката се заблагодари за бројните роденденски честитки и изненадувања со емотивна порака:

Пријателството е како цвеќе, колку повеќе го наводнуваш, толку повеќе расте. И како што старееш, кругот на пријатели ти се намалува. Но, за мене е доволен.

Моите најдобри пријателки на овие фотографии ми го направија овој ден хармоничен, јадевме посна торта поради мојот велигденски пост и ми подарија ПРЕКРАСЕН подарок – грамофон на кој конечно ќе можам да слушам грамофонски плочи и конечно на него ќе можам да ја слушам мојата песна „Доста“.

Не се сите мои пријатели присутни на фотографиите, но ги сакам и нив. Не можев да направам поголема забава поради ситуацијата со ковид – 19.

Ви благодарам на СИТЕ за роденденските желби и иако се обидов, не успеав да одговорам на стотиците пораки кои ги добив денес. Ми значи сè на светот секој збор кој издвоивте време за да ми го напишете. Денес полнам 35 години и сè уште не ми треба ботокс, можеби следната година, стои во објавата на Ристеска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот