ФОТО: Експлозија на цистерна со гориво на Хаити, загинаа над 75 лица

Во експлозија на цистерна со гориво загинаа над 75 лица на Хаити/Фото: EPA-EFE/Johnson Sabin

Повеќе од 75 лица загинаа при експлозија на цистерна со гориво на Хаити, изјави претставникот на Министерството за здравство на таа земја, Лоре Адриен.

Претходно премиерот на Хаити, Ариел Анри прогласи тридневна жалост „во спомен на жртвите од трагедијата што ја потресе целата нација”.

Експлозија на цистерна на Хаити/Фото: EPA-EFE/Johnson Sabin

– Бев очаен кога ја слушнав тажната вест за експлозијата. Многу луѓе загинаа, а причинета е и голема материјална штета, изјави Анри.

Според првичните информации, цистерната се обидувала да избегне мотоцикл што доаѓал од спротивната страна, по што се превртела.

Здравствените власти апелираат до доброволните крводарители, изјави за Си-Ен-Ен портпарол на Цивилната заштита на Хаити.

Десетици повредени во експлозијата/Фото: EPA-EFE/Johnson Sabin ATTENTION EDITORS: EXPLICIT GRAPHIC CONTENT

Карипската земја страда од голем недостиг на гориво, бидејќи синџирот на снабдување е делумно во рацете на банди. Хаити е во тешка криза по атентатот врз претседателот Жовенел Моиз, извршен на 7 јули годинава, и по земјотресот со интензитет од 7,2 степена по Рихтер неколку недели подоцна, во кој загинаа повеќе од 2.200 луѓе, а беа уништени десетици илјади домови.

премиерот на Хаити, Ариел Анри прогласи тридневна жалост /Фото: EPA-EFE/Johnson Sabin

Во земјата со 11 милиони жители, во последно време зачестија и киднапирањата од банди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот