ФОТО | Едвај излегува од болница: Познатата пејачка се соочува со повеќе болести по раѓањето на синот

Фото: Инстаграм, Хелси

Пејачката Хелси (27) минатиот јуни го роди синот Ендер Ридли Ајдин, а токму кога се чинеше дека сè оди добро, здравјето на пејачката се влоши.

Во нејзините приказни на Инстаграм, младата мајка им раскажала на обожавателите низ што поминала, споделувајќи дека поминала недели во и надвор од болница.

„Очигледно моето здравје многу се промени откако забременив и се породив“, рече таа.

„Многу, многу, многу, многу се разболев… Неколкупати бев хоспитализирана поради анафилакса, а ми се случија и некои други работи“, започнала Хелси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)

Девет месеци откако го роди своето прво дете со момчето Алев Ајдин, на Хелси ѝ беше дијагностициран Ehlers-Danlos синдром, Sjögren синдром, синдром на активирање на мастоцитите (MCAS) и синдром на постурална ортостатска тахикардија (POTS).

Овие сериозни болести во голема мера влијаеле на животниот стил на Хелси и оттогаш таа поминува многу време во болници.

„Барав одговори за основната причина за некои од овие работи кои би можеле да бидат автоимуни болести“, рекла младата пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)

Неколку дена пред да дојде на Греми наградите во 2022 година, Хелси беше оперирана поради состојбата.

Пред доделувањето на наградите, пејачката ги сподели своите фотографии во болницата.

„Последен пат бев на доделувањето на Греми наградите во 2017 година и тоа беше три дена откако ја направив првата операција на ендометриоза. Одев по тепихот со конци. За среќа, утре доаѓам првпат по неколку години и имав операција повторно (погодувате) пред три дена. Ова го објавувам само за да ви кажам, ако ме видите, бидете нежни, кревка сум. Кревка, но возбудена“, напишала таа во описот на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)


Меѓутоа, болестите не ја спречиле Хелси да продолжи да се подготвува за турнејата „Love and Power“.

„Не сакам никој да се грижи. Во моментов сум на планот за лекување. Навистина сум возбудена и уверена сум дека ќе можам да го направам тоа на здрав начин и дека ќе настапам за сите вас“, рекла таа.

Да потсетиме, Хелси минатата година по кратка врска доби дете со Алев Ајдин, а пред него пејачката беше една година во врска со раперот Џи-Изи кој на крајот ја изневери, а пејачката долго време се опоравуваше од скршеното срце.

По паузата пејачката го опиша однесувањето на бившиот како „навредливо“, а во една од песните „Lighthouse“ пејачката пее дека нејзиниот бивши го пика носот во кокаин, а овој стих е посветен на Џи-Изи, кој беше обвинет за поседување кокаин во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот