ФОТО: Едно лице загина, а 31 се повредени во експлозијата во Леверкузен

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Германската полиција соопшти дека во денешната експлозија на локацијата „Хемпарк” во Леверкузен, загина едно лице, а 31 се повредени, од кои петмина се на интензивна нега, додека уште четири се водат како исчезнати.

– Ова е трагичен момент за нашиот град, рече градоначалникот на Леверкузен, Уве Рихрат.

По експлозијата на резервоарот со растворувачи во фабриката за хемикалии во западниот германски град Леверкузен, противпожарната единица по три часа борба со стихијата успеа да ја спречи опасноста од втора експлозија, за ДПА наведе државен службеник.

-Резервоарот содржел 100.000 литри многу запалив, токсичен отпаден материјал, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул, додавајќи дека во „Хемпаркот” се распоредени 300 пожарникари.

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Полицијата побара од жителите во областите во близина на местото на експлозијата да останат во своите домови и да ги затвораат вратите и прозорците и побара да се исклучат системите за климатизација, додека се вршат мерења на загадувањето на воздухот поради евентуален токсичен гас.

Граѓаните беа предупредувани на „екстремна опасност” со сирени и преку мобилна апликација на германската цивилна заштита, а тој простор и околните патишта беа затворени за сообраќај поголемиот дел од денот.

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот