ФОТО | Една година криел дека страотната несреќа му го унаказила лицето: Се срамев да раскажам што ми се случи

Креативниот директор на францускиот моден бренд „Балмејн“, 36-годишниот Оливие Рустинг, откри дека претрпел изгореници од висок степен пред една година кога во неговиот дом во Париз експлодирал каминот.

Дизајнерот објави фотографија на Инстаграм на која целиот е завиткан во завои, со која ја одбележи годишнината од инцидентот за кој никој немал поим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OLIVIER R. (@olivier_rousteing)

„Пред една година! Конечно се чувствувам подготвен да го споделам со сите она што го криев веќе долго време. Пред една година во мојот дом експлодираше печката. Следното утро се разбудив во париската болница. Одлични лекари во тој момент се бореа илјадници случаи на коронавирус, а успеаја одлично да се погрижат и за мене. Никогаш нема да можам доволно да им се заблагодарам“, напиша Оливие во објавата покрај фотографијата.

„Направив сѐ што е во моја моќ да ја скријам оваа приказна, а ништо не им спомнав ниту на блиските пријатели. Да бидам искрен, немам поим поради што толку многу се срамев од она што ми се случи. Веројатно поради мојата опседнатост дека сѐ мора да биде совршено“, напишал тој, меѓу другото. Дизајнерот признал дека се криел со маски за лице и избегнувал да биде откриен во секоја смисла.

Тој е благодарен за секој ден од својот живот по страшната несреќа, а меѓу седумте милиони луѓе што го следат на Инстаграм, пораки за поддршка му испратија Донатела Версаче и Ким Кардашијан. „Те сакам“, му напиша Ким. „Мило ми е што сега си добро“, додаде Донатела Версаче. Се огласи и Крис Џенер. „Ти и толку силен и позитивен и толку сум горда на тебе“, му порача, меѓу другото, Крис Џенер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OLIVIER R. (@olivier_rousteing)

Пред две недели, „Балмејн“ по дизајнерската палка на Оливие имаше ревија во рамките на Модната недела во Париз, на која неговите креации ги носеа топ-моделите Наоми Кемпбел, Карла Бруни, Наталија Водијанова, Наташа Поли…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот