ФОТО | Една е мајка: Џиџи Хадид во лежерно издание ужива со ќерката Каи

џиџи хадид
Фото: EPA

Џиџи Хадид ужива во улогата на мајка, а нејзината ќерка Каи стана центар на нејзиниот свет. Прекрасната манекенка е комплетно посветена на нејзината нова улога.

Хадид неодамна беше фотографирана како шета по улиците на Њујорк во лежерно издание. Манекенската носеше шарена шапка на главата, зелени шорцеви, бела маица, додека на нозете носеше удобни крзнени влечки.


Во последно време нејзините комбинации стануваат се повеќе и повеќе необични и лежерни, за разлика од тоа што бевме навикнати на нејзините гламурозни изданија.

Но, сепак, жените ширум светот беа воодушевени што моделот не го крие целулит, нејзиното уморно лице без шминка и телото со некој килограм плус, со оглед на тоа дека живееме во свет на „лажна инстаграм – убавина“.

Да потсетиме, Џиџи ја роди ќерката Каи на 23 септември, а друштво и правеа нејзиното момче Зејн Малик, мајката Јоланда, сестрата Бела и локална бабица.

За време на раѓањето, таа признала дека се изгледало лудо за неа, во позитивна смисла. Моделот во една прилика истакна дека е целосно свесна за промената што ја донесе бременоста врз нејзиното тело, но воопшто не била вознемирена од насловната страница на американското издание на модната библија, бидејќи целосно ја прифатила својата нова фигура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот