ФОТО | Еден детаљ: Сите зборуваат за изгледот на Бред Пит на Оскарите

Instagram
Instagram

Шеговитите коментари на славниот актер на овогодинешните Оскари не престануваат. Бред Пит беше водител за категоријата најдобра споредна актерка, а носеше црн смокинг со пеперушка на вратот. Актерот стана главна тема на социјалните мрежи откако гледачите забележаа еден детаљ – косата на шармерот му беше врзана во опашка.

„Бред изгледа навистина добро, но мора да ја отсече таа мала валкана опашка“, „Те сакам иако носиш опашка“, „Ова е почеток на официјалната кампања Бред Пит да носи машка опашка со цел да не потсети на неговиот стил од 90-тите години“, беа само дел од коментарите на Твитер.


Бред Пит го додели Оскарот за најдобра споредна женска улога на 73-годишната Јун Ју-јунг. За време на нејзиниот говор, актерката флертуваше со Бред.


„Господине Бред Пит, среќна сум што конечно ве запознав. Каде бевте додека снимавме?“, со овој коментар актерката успеа да ја насмее во публиката во салата.

Имено, Пит бил продуцент на филмот „Minari“, но актерката ниту еднаш не го видела на снимањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот