ФОТО | Ѕвездичката порасна: Мартија Станојковиќ блесна на матурската прослава

Македонската поп-пејачка Мартија Станојковиќ вчера го прослави крајот на нејзиното средно образование, а на својот инстаграм-профил сподели неколку фотографии од матурската прослава.
Пејачката, која годинава ќе дипломира во Меѓународното училиште „Нова“, се одлучи за црн и елегантен фустан, впечатливи висечки обетки и класични црни сандали. Што се однесува до фризурата, таа избра минималистичко стилизирање, со популарниот ефект на мокра коса.

Покрај фотографијата со партнерот, кој ѝ подарил раскошен букет со црвени рози, таа сподели и неколку фотографии со своите соученици од матурската прослава, која се одржала во еден популарен скопски локал.



Како потсетување, Мартија Станојковиќ ѝ стана позната на македонската јавност по нејзиното учество во регионалното музичко натпреварување за талентирани деца „Ѕвездичките на Пинк“. Оттогаш, таа важи за надежно име на македонската музичка сцена.