ФОТО | Ѕирнете во станот на Анѓелка Прпиќ по бурниот развод: Клавир, цвеќе, на ѕидот еден посебен потрет

Домот на српската актерка Анѓелка Прпиќ (37) е прекрасно катче кое актерката го средила со многу внимание и вкус.
Актерката се разведе пред помалку од две години од Дарио Прпиќ. Во брак беа девет години, а поради синот останаа и во добри односи.

Имено, актерката на својот Инстаграм често објавува фотографии од својот дом во кој живее по разводот со сопругот Дарио.
Очигледно дека Анѓелка и синот живеат во вистинскот мало „царство“.

Голем плазма телевизор, пијано и аголна гарнитура во боја на песок ја красат нејзината дневна соба, додека кујната ја опремила во кафено – црни нијанси.

Неколкупати досега популарната актерка и водителка спомена дека готвењето не ѝ е силна страна, меѓутоа, со оглед на нејзината кујна, никој не би рекол дека е така.

Во раскошната спална соба исто така се нагласени сивите детали. Анѓелка со многу љубов го опремила станот во кој посебно место зазема и катчето наменето за креативниот ентузијазам на нејзиниот наследник.

Јакша, имено, сака и знае да црта, па гордата мајка се потрудила да му обезбеди сѐ што е неопходно.
View this post on Instagram