ФОТО | Џулија Робертс во уникатен фустан прекриен со фотографии од Џорџ Клуни

Фото: Profimedia

Центарот Кенеди објави нова класа лауреати. Актерот, режисер, продуцент и активист за човекови права Џорџ Клуни, револуционерната композиторка и диригентка Тања Леон, современата христијанска пејачка Ејми Грант, поп-дивата Гледис Најт и легендарниот ирски бенд „Ју-Ту“  беа почестени на церемонијата во Вашингтон.

Центарот секоја година почестува личности за нивните уметнички влијанија врз американската култура. Предвидено е да присуствуваат претседателот Џо Бајден, потпретседателката Камала Харис и нивните сопружници.

По овој повод американската актерка Џулија Робертс решила да му оддаде почит на својот колега Џорџ Клуни со своето најново модно издание, а на необичниот фустан што го носела бел дизајниран со бројни портрети во рамка од познатиот актер.

Фото: Profimedia

Холивудската ѕвезда гостувала на 45-тото доделување почести на Кенеди Центарот во Вашингтон, а нејзината облека била во центарот на вниманието за време на нејзиното појавување на црвениот тепих.

Робертс носела кратка црна јакна, а под неа долг црн фустан од „Moschino“ покриен со фотографии од Џорџ Клуни. По влегувањето на церемонијата, 55-годишната актерка се пресоблекла во едноставен црн костум.

Фото: Profimedia

Џорџ беше меѓу наградените на церемонијата, а својата поддршка ја покажаа и другите колеги како Мет Дејмон.

Клуни и Робертс соработуваа неколку пати во текот на годините, а во октомври нивниот заеднички филм „Ticket to Paradise“ се појави во кината. Покрај деловната соработка, дуото во неколку наврати низ годините потенцираше дека се добри пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот