ФОТО | Џони Деп доживеал „болна повреда на глуждот“, ги одложи концертите со групата

„Холивуд вемпајарс“ / Фото: Фејсбук/„Холивуд вемпајарс“

Американската рок-група „Холивуд вемпајарс“ ги одложи првите три концерти од нивната претстојна турнеја, откако фронтменот Џони Деп доживеал „болна повреда на глуждот“.

Еден ден пред да ја започнат турнејата, тие ја објавија веста дека ќе ги презакажат конкретните концерти, кои ќе добијат нови датуми во јули.

„Џони доживеа болна повреда на глуждот, по неговите неодамнешни појавувања, и неговиот лекар го посоветува да не патува. Тој е навистина тажен поради овој след на настани, но едвај чека да закрепне и да ви го дадеме најдоброто за време на нашата европска турнеја“, напишаа тие во соопштението до јавноста.

Првиот концерт требаше да се одржи вчера во Манчестер, Њу Хемпшир, па следниот требаше да биде денес во Бостон, Масачусетс, а третиот концерт требаше да се одржи утре, во Бетел, Њујорк.

Членовите на групата, првично формирана во 2012 година, од страна на Џони Деп, Алис Купер и Џо Пери, минатата година објавија дека ќе се обединат за концертна турнеја во 2023 година, заедно со гитаристот Томи Хенриксен.

Нивната објава за повторно враќање на сцената дојде неколку дена откако Џони Деп ја доби тужбата за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот