ФОТО | Џон Мекфал е првиот астронаут со физичка попреченост

Фото: Pixabay

Џон Мекфал е специјализант по ортопедска хирургија во Англија. Овој 41-годишен доктор во своето слободно време сака да трча и да вози велосипед на планина. Сега Мекфал стана првиот кандидат за астронаут со физички хендикеп во историјата, одбран од Европската вселенска агенција (ЕСА), пишува CNET.

„Секогаш сум имал голем интерес за науката, генерално, а вселенското истражување отсекогаш ми било интересно“ – изјавил Мекфал.

Тој имал сообраќајна несреќа на 19-годишна возраст и му била ампутирана десната нога. Несреќата не го спречила Мекфал да научи повторно да оди, па дури и да трча. Тој учествувал и на Параолимписките игри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CNBC-TV18 (@cnbctv18india)

Џон е одбран во рамките на проект на Европската вселенска агенција за вклучување индивидуалци кои се квалификувани да станат астронаути, но имаат физички хендикеп поради кој обично не би биле примени.

„Науката е за секого. Вселенското патување, се надевам, исто така може да биде за секого“ – изјавил Мекфал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Unstable Mind (@ourunstablemind)


Во средата Европската вселенска агенција одбра 17 нови кандидати за астронаути, од кои речиси половина се жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот