ФОТО | Џеј Ло во провокативен фустан на премиера во Торонто: Пејачката се држеше за рака со најдобриот пријател на Бен Афлек

Џенифер Лопез, Мет Дејмон / Фото: EPA

Џенифер Лопез блесна на црвениот тепих за премиерата на филмот „Незапирливо“ (Unstoppable) во Торонто, во кој има споредна улога. Забележливо беше отсуството на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бен Афлек кој е копродуцент на овој филм. Можната причина лежи во тоа што сакал да ја избегне средбата со Џенифер и медиумското внимание.

Иако минуваат низ бурен развод, Лопез на филмскиот фестивал во Торонто пристигна насмеана и расположена. Таа им позираше на фотографите во провокативен блескав фустан кој наликува на диско топка, а под кој не носеше долна облека.

Фото: EPA-EFE/EDUARDO LIMA

Но, она што најмногу привлече внимание е средбата на Џенифер со најдобриот пријател на Афлек, актерот Мет Дејмон. Имено, на забавата на фестивалот во Торонто, Џенифер беше видена како седи со Мет, држејќи се за рака додека разговараа.

Фото: EPA-EFE/EDUARDO LIMA

„Џен и Мет започнаа разговор кој потоа се претвори во нешто долгo и длабокo“, изјавил извор за „Пипл“, додавајќи дека имало смеа, како и држење за рака во моменти кога тонот на разговорот станал сериозен.

Инаку, ова е нејзино прво големо појавување откако поднесе барање за развод од Бен Афлек на 20 август, по 2 години брак.

ФОТО | Џенифер Лопез му испрати порака на Бен Афлек со заводливи фотографии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот