ФОТО | Џеј Ло наполни 52 години и ја објави првата фотографија со Бен Афлек на која страсно се бакнуваат

џенифер лопез бен афлек
Фото: Профимедиа

Латино дивата Џенифер Лопез вчера наполни 52 години, а на социјалните мрежи ја објави првата фотографија со ново-старото момче Бен Афлек, со кого неодамна се смири.

Популарната пејачка ги воодушеви обожавателите ширум светот кога видоа дека на Инстаграм потврди дека повторно е со нејзиниот поранешен партнер.

Двајцата позирале во страсна прегратка и бакнеж, а коментарите под овој нејзината објава се не престануваат да се нижат.

„Роденденско утро!“, навела Лопез во описот на објавата.

Фото: Принтскрин / Instagram

Џеј Ло и Бен се смирија во април оваа година, а првично беа заедно од 2002 до 2004 година. Во тоа време тие беа свршени, а времето ќе покаже дали повторно ќе размислуваат за венчавка.

Џеј Ло ја покажала совршената фигура, а на една од фотографиите кои завршија на нејзиниот Инстаграм можеме да видиме како страсно се бакнува со Бен, во прашање е последната фотографија во низата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џенифер беше во брак со Кубанецот Оџани Ноа една година, кого во 2006 година го спречи да објави книга за нивниот брак. Потоа следуваше вториот брак со танчарот Крис Џад, кој, исто така, траеше една година. Третата среќа ја побара со актерот Бен Афлек, а тие во медиумите беа претставени како идеална двојка. Но, нагло беше раскината нивната свршувачка. По Афлек, Џеј Ло се омажи со пејачот Марк Ентони, со кого ги има близнаците Ема и Макс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот