ФОТО | Џастин Тимберлејк призна дека возел во алкохолизирана состојба: Се соочува со парична казна, но и општествено корисна работа
Американскиот пејач Џастин Тимберлејк денеска се изјасни за виновен по обвинението за возење во алкохолизирана состојба пред судот во Сег Харбау, Лонг Ајленд, откако беше уапсен во јуни во Хемптонс.
Судијата го осуди Тимберлејк на парична казна од 500 долари со доплата од 260 долари, 25 часа општокорисна работа во непрофитна организација по негов избор и му нареди да издаде изјава за јавна безбедност, пренесува „Асошиејтед прес“.
Тој првично се изјасни за невин по прекршочната пријава за возење во алкохолизирана состојба и му беше суспендирана возачката дозвола за време на рочиштето минатиот месец.
Тимберлејк беше уапсен во Саг Харбор, Њујорк, нешто по полноќ на 18 јуни, откако полицијата соопшти дека тој не застанал на знакот за стоп, излетал од својата лента и полицајците почувствувале мирис на алкохол откако пејачот излегол од неговиот автомобил.
Полициските службеници, исто така, во судските поднесоци изјавиле дека очите на пејачот биле „крвави и стаклени“, дека тој имал нејасен говор, бил нестабилен во стоењето и имал лоши резултати на сите тестови за трезвеност.
Тимберлејк рече дека е „благодарен за можноста да се движи напред“ и да ја искористи својата платформа за да им помогне на другите да донесат „подобри одлуки“.