ФОТО | Џамбазов е во сигурни раце: Дефинираните мускули на Илина имаат освоено многу планински врвови и насликано безброј уметнички дела

Илина Арсова
Фото: Instagram

Уживавме во секоја објавена фотографија која македонска ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова, ја споделува на нејзиниот инстаграм – профил, а особено се радувавме на заедничките фотографии со Игор.

Профилот на Арсова е исполнет со уметност, адреналин, животни искуства, авантури, спокој и љубов, а профилот на Џамбазов се повеќе со убавината на Илина.

Актерот објави фотографија од неговата љубена која го привлече вниманието на пошироката јавност. Илина е моќна и силна жена, а нејзините совршено дефинираните раце ги имаат искачено 7-те највисоки врвови на 7 континенти.

Бицепс блуз. Јас, полузаспан на троседот во станот, ти пожива од сите, таму преку океанот, стои во описот на фотографијата која Џамбазов ја сподели на својот инстаграм – профил.


Како дипломирана уметница на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски, Илина со нејзните две раце има насликано бројни дела инспирирани од високите врвови и убавините на нашата земја.

Игор е во сигурни раце, но и Илина во прегратките на Игор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот