ФОТО | „Две вистински ѕвезди“: Каролина Гочева во прегратките на Лени Кравиц, човекот кој направи спектакл во Охрид

Каролина Гочева и Лени Кравиц во Охрид / Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Американскиот пејач Лени Кравиц синоќа (4 август) ѝ приреди вистински спектакл на својата многубројна публика во Охрид, која со нетрпение го очекуваше неговиот трет концерт во Македонија. Тој првпат настапи во Охрид во 2008 година, а потоа имаше концерт и во Скопје во 2019 година.

Рок легендата уште еднаш покажа зошто важи за еден од најенергичните изведувачи и дека дури и во седмата деценија од својот живот знае да направи вистинско шоу на кое може да позавидат неговите помлади колеги.

Една од оние кои присуствуваа на овој концерт беше и македонската поп принцеза Каролина Гочева, која денес сподели заедничка фотографија со Кравиц на својот инстаграм-профил.

„Имал среќа што се сликал со тебе“, „Две вистински ѕвезди“, „Легенди“ и бројни коментари со љубов и воодушевување се најдоа под нејзината објава.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

ВИДЕО | Лени Кравиц ја монтираше својата џиновска гитара во Охридското Езеро!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот