ФОТО: Двајца загинати, 56 повредени и 450 уапсени за време на протестите во Чиле

Протести во Чиле / Фото: EPA-EFE/Alberto Valdes

Две лица загинаа, 56 се повредени, а 450 уапсени во судирите во Чиле за време на масовните улични протести по повод втората годишнина од социјалните немири во земјата.

Протестите низ целата земја беа по повод собирите во октомври 2019 година, кои предизвика политички промени во земјата и доведоа до почеток на процесот за препишување на Уставот создаден за време на диктатурата на Пиноче.

Протести во Чиле / Фото: EPA-EFE/Alberto Valdes

Најголеми немири се регистрирани во главниот град Сантјаго, каде што вандали нападнаа полициска станица и ограбуваа продавници и станбени згради, се наведува во полицискиот извештај.

Властите приведоа 450 луѓе низ целата земја, 279 во Сантјаго, а 11 цивили и 45 полицајци беа повредени.

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на 50 локации низ земјата за да ја одбележат годишнината од уличните протести предводени од студентите и предизвикани од растот на цените на метрото.

Протести во Чиле / Фото: EPA-EFE/Alberto Valdes

Владата на десничарскиот претседател и милијардер Себастијан Пинера тогаш беше под силна критика поради бруталниот одговор на безбедносните сили, кој вклучуваше сериозни прекршувања на човековите права.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот