ФОТО: Двајца мртви и над 120 повредени по експлозија во Абу Даби

Експлозија Абу Даби/ Фото Твитер

Двајца мртви и над 120 се повредени откако плинска боца експлодирала во ресторан во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, соопшти полицијата, додавајќи дека персоналот на цивилната одбрана се обидувал да го ограничи пожарот што следел.

Оштетени се неколку продавници, а четири згради се евакуирани, додаде полицијата.

Сликите објавени од локалните медиуми покажуваат остатоци од стакло и некои урнатини расфрлани по тротоарот. Ресторанот се наоѓа во Khaldiya, област блиску до морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот