ФОТО: Дрејк сподели како ужива со својот син на „поинаква“ забава

instagram

Дрејк се покажа во улога на татко на својот инстаграм – профил. Раперот кој инаку неговиот син Адонис го држи во приватност, неодамна сподели фотографии на социјалните мрежи за да ни ги покаже детските лудории. Ѕвездата сугерираше како неговиот живот се променил откако добил дете, додека покажува на една многу „поинаква“ забава на базен во неговата куќа.

На фотографиите споделени од Дрејк, синот на раперот игра во базен кој е претворен во масивна јама со топки. 3-годишното дете е прикажано како ужива на својата забава со пријател. Една од сликите ги доловува Дрејк и Адонис како се забавуваат додека се борат со мечеви од балони. А на лицето на Адонис е насликан тигар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by champagnepapi (@champagnepapi)

 „Забавите во базенот на „YOLO“ (име за неговиот имот) дефинитивно изгледаат поразлично деновиве“, стоеше во описот на објавата која доби многу коментари од неговите обожаватели, како и пријатели од музичката индустрија.

Дрејк го претстави Адонис на неговите следбеници на „Инстаграм“ минатата година, а исто така направи и голем јавен настап со него на музичките награди „Билборд“ каде дури и му ја посвети својата победа на „Уметник на Декадата“ на синот. Дрејк го дели својот 3-годишен син со Софи Бруса, пренесува „PinkVilla“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот