ФОТО | Драматично спасување: Од водите на Вардар спасено лице кое скокнало кај Камени мост

Извлечен давеник од Вардар/Фото: МИА

Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо, велат од МВР.

Спасување давеник од Вардар/Фото: МИА
Спасување давеник од Вардар/Фото: МИА
Спасување давеник од Вардар/Фото: МИА
Спасување давеник од Вардар/Фото: МИА
Спасување давеник од Вардар/Фото: МИА

Со итна медицинска помош лицето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”.

Во неделата наутро маж се фрли од мостот Близнак во водите на Вардар. За жал, и покрај напорите на спасувачките служби и два дена потрага, тој вчера беше пронајден удавен на два километри низводно од местото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот