ФОТО | „Дом без душа“: Sирнете во мултимилионската куќа на Ким Кардашијан

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Откако ријалити ѕвездата и раперот ги завршија сите разговори и договори во врска со нивниот развод, Ким им откри на своите следбеници што ја прави среќна.

Ким и Канје, конечно го официјализираа развод со договор за „еднаков пристап“ и заедничко старателство над нивните четири деца – деветгодишната Норт, шестгодишниот Сент, четиригодишната Чикаго и тригодишниот Псалм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Ким доби и голем дел од заедничкиот имот, вклучувајќи куќа во Јужна Калифорнија која чини 4,5 милиони долари, куќата во којашто живее сега и која се проценува на 60 милиони долари, како и имот во Ајдахо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Додека светските медиуми пишуваат за разводот на парот и сите детали околу поделбата на имотите, ријалити ѕвездата го привлече вниманието на своите фанови откривајќи детали од куќата во којашто живее со децата.

„Работи во куќата кои ме прават среќна“, напиша Ким Кардашијан  на својот Инстаграм профил. Ријалити ѕвездата објави неколку фотографии на кои се гледа нејзината дневна соба, спална соба и дел од бањата.

Сепак, меѓу коментарите со пофалби, се најдоа и бројни коментари од фанови на кои не им се допаѓа домот на Ким.

„Изгледа толку депресивно“,„Дом без душа“ „Твојата куќа изгледа навистина празно“, „Не знам како можеш да живееш на вакво место, личи на лудница“ – се само дел од коментарите на следбениниците на Ким

Погледнете како изгледа мултимилионскиот дом на ријалити ѕвездата:

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Ким и Канје го завршија разводот: Раперот ќе плаќа 200.000 долари месечно за алиментација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот