ФОТО: Доказ дека Надал не пропуштил повеќе турнири од Ѓоковиќ поради повреда

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со освојувањето на „УС Опен“ годинава, кој му бегаше во последните неколку години, стигна до бројката од 24 Грен слем пехари и со тоа стана апсолутен владетел во професионалната ера кога е тој параметар во прашање.
Секако, набрзо повторно се отвори темата дали Ноле е „најдобриот на сите времиња“ и дали е подобар од Рожер Федерер или Рафаел Надал.
Некако во тие дискусии Шпанецот поради повредите беше ставен во втор план, но тоа често се оправдуваше со тоа што поради повреди одигра многу помалку турнири од Новак. Сепак, бројките велат поинаку.
The biggest lie in tennis is that Nadal played way fewer events than Djokovic due to injury.
Slams played:
🇷🇸Djokovic: 72 (won 24)
🇪🇸Nadal: 67 (won 22)Masters played:
🇷🇸Djokovic: 126 (won 39)
🇪🇸Nadal: 128 (won 36)ATP Finals played:
🇷🇸Djokovic: 15 (won 6)
🇪🇸Nadal: 11 (won… pic.twitter.com/6HEXWTrNOp— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) September 20, 2023
Навистина, српскиот ас има повеќе учества на најголемите натпреварувања во светот на тенисот, но таа разлика не е толку голема како што понекогаш се истакнува.
Во продолжение погледнете како изгледа тој однос и бројот на освоени пехари на двајца тенисери.
Заклучокот е дека Ноле има одиграно само седум мастерси повеќе, но освоил 11 титули повеќе од Надал.
Одиграни грен слемови:
Ѓоковиќ 72 (24 титули)
Надал 67 (22 титули)
Одиграни мастерси:
Ѓоковиќ 126 (39 титули)
Надал 128 (36 титули)
Одиграни АТП завршни турнири:
Ѓоковиќ 15 (6 титули)
Надал 11 (0 титули)
Одиграни големи турнири:
Ѓоковиќ 213 (69 титули)
Надал 206 (58 титули)
Надал: Ѓоковиќ е најдобриот во историјата и тука нема што да се разговара