ФОТО | „Дoбро го преживеав денот кога се роди“: Верица Шерифовиќ со емотивна објава за роденденот на внукот од ќерка ѝ Марија

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Синот на Марија Шерифовиќ, малиот Марио денеска го слави својот 1. роденден, а баба му, пејачката Верица Шерифовиќ на социјалните мрежи сподели емотивна порака со фотографија од нејзиниот внук.

„Пиле бабино, најголемата радост ја преживеав добро, денот кога се роди. Денес го славиме твојот 1 роденден! Нека си среќни и здрав 100 години. Да пораснеш убаво, да трчаш на дожд, да се тркалаш во кал, да направиш Снешко, да црташ на ѕидови и да направиш невиден крш, да не ја тргнеп насмевката од твоето лице затоа што ја имаш најлудата баба на планетава. А баба нека те однесе во Врњачка бања“, напишала Верица.

Марија исто така, на Инстаграм сподели емотивните зборови кои му ги упати на синот по повод роденденот.

„Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и се упативме кон болницата. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме „What a Wonderful World““, напишала Марија.

Да потсетиме, Марија на почетокот на декември минатата година стана мајка на синот Марио кој го роди сурогат мајка. Пејачката откри дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, па затоа на крајот се одлучила за сурогат мајка. Шерифовиќ поради договорот за приватност не сака да открие кој е таткото, но рече дека нејзиниот син ќе знае за тоа кога ќе дојде време.

Синот на Марија Шерифовиќ денеска слави прв роденден: „Не спиев два дена и две ноќи, те чекав“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот