ФОТО | „Добредојде Анастасија“: Борко и Нина Ристовски станаа родители по вторпат

Ракометарот Борко Ристовски и неговата сопруга Николина пред неколку месеци преку социјалните мрежи ја споделија радосната вест дека нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член.

Среќното семејство го славеше секој момент од бременоста на Нина, а денес официјално Борко и Нина Ристовски станаа родители по вторпат, а нивниот син Душан, доби помала сестричка.

На социјалните мрежи се нижат честитки од бројните пријатели и соработници на парот. Борно и Нина добија ќерка на која и го дадоа името Анастасија.
View this post on Instagram
Неодамна во еден познат скопски ресторан во кругот на најблиските, Борко и Нина на забавен начин го откри полот на бебето. Со интересна анимација изведена од маскоти во форма на две џиновски бебиња облечени во розева и сина облека, Нина и Борко на присутните им открија дека ќе станат родители на девојче.
ВИДЕО | Момче или девојче: Борко и Нина Ристовски на забавен начин го открија полот на бебето
ФОТО | „Додека смртта не нѐ раздели“: Борко и Нина Ристовски прославија четири години брак