ФОТО: Див паркинг пред Управата за матичните книги, јавниот простор недостапен за граѓаните

ФОТО- Дејан Србиновски

Просторот позади зградата на македонскиот Уставниот суд во центарот на градот, поточно пред влезот на Управата за водење на матични книги е претворен во див паркинг и покрај обезбедувањето на институциите.

Владее хаос од автомобили паркирани буквално пред влезот на двете институции а на тротоарот се паркирани автомобили некаде и во два реда.

ФОТО- Дејан Србиновски

Пешаците се присилени да се движат по заобиколен пат изложувајќи се на опасност да се повредат. Тие се револтирани од ваквото дивеење и велат дека „пајакот” штом поминува и се прави дека не ја забележува ваквата состојба, веројатно паркираните автомобили се на некои од вработените и директорите.

За да биде иронијата поголема, од спротива на овој див паркинг пред Камениот мост од страната на Старата скопска чаршија пристапниот дел од улицата денеска е блокиран поради снимање на турска серија, па денеска граѓаните беа принудени да заобиколуваат и кружат непотребно за да дојдат до својата дестинација.

ФОТО Дејан Србиновски

До кога градските власти и пајак службата ќе го толерираат непрописното паркирање во централното градско подрачје како нормално а граѓаните ќе бидат приморани да ги прескокнуваат автомобилите за да влезат во институциите останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот