ФОТО: Динамо Загреб со специјален подарок за македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб му подари врамен дрес со бројот „100“ на одбранбениот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски.

Пред почетокот на натпреварот против Шибеник, нашиот дефанзивен го доби специјалниот подарок од поранешниот играч на клубот, Миливој Брачун.

Ристовски беше стартер на овој дуел (настапи до 81 минута) кој го доби Динамо со убедливи 4:0 со головите на Петковиќ, Иванушец, Батурина и Бочкај.

До крајот на сезоната во хрватскиот шампион Динамо има уште два меча, на гости против Риека и дома против Горица.

Ристовски сезонава до сега во првенството запиша четири голови и две асистенции во 27 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот