ФОТО: Џулија Робертс и во лежерно издание докажува дека сè уште изгледа неверојатно
Иако во последните неколку месеци речиси и не се појавуваше во јавноста поради глобалната пандемија на коронавирус, омилената холивудска актерка Џулија Робертс која овој октомври го прослави својот 53-ти роденден, моментално ужива на Хавајските острови.
Како и многу луѓе ширум светот, познатата добитничка на Оскар, целосно го прифати трендот на удобна и лежерна облека.
Таа неодамна беше забележана во лежерно издание, во обична секојдневна комбинација која ги истакнуваше нејзините витки нозе.
Со сива маичка и тексас шорцеви, а околу нејзината половина висеше зелена карирана кошула. Својот изглед го надополнила со квадратен модел на очила за сонце. Робертс покажа дека и во наједноставната комбинација изгледа неверојатно.
Џулија наскоро треба да стане баба очекувајќи го бебето на нејзината внука Ема Робертс, која е бремена од нејзиното момче Гаред Хедлунд. Ема е ќерка на братот на Џулија, Ерик Робертс.
Во меѓувреме, Џулија беше зафатена со снимање на серијата „Gaslit“, претстојна тв-емисија за скандалот Вотергејт. Актерот од серијата „Mr.Robot“, Сем Есмаил е ко-креатор на шоуто со Роби Пикеринг.