ФОТО: Џонсон му поклони фотографија на Бајден, а тој му возврати со велосипед и кацига

Фото: EPA-EFE/Hollie Adams / POOL

Британскиот премиер Борис Џонсон му поклони врамена фотографија од британски мурал на кој е прикажан афроамериканскиот Аболиционист Фредерик Даглас, соопштија од кабинетот на британскиот премиер. 

Бајден на тоа возврати со велосипед од американско производство и кацига за Џонсон, и шал и торба за неговата сопруга Кери, пренесува Ројтерс.

Велосипедот го изработил Стивен Биленки, познат произведувач од Филаделфија, кој рекол дека бил контактиран од Стејт департментот со барање велосипедот да биде обоен во црвена, бела и плава боја, наведува Тајмс.

„Ова е модерна верзија на британскиот велосипед со рачно офарбано британско знаме и кацига, додава Биленки.

Велосипедот бил направен од компанијата „Биленки сајкл воркс“, основана во 1983 година и специјализирана за изработка на челични и титаниумски велосипеди.

Даглас побегнал од ропството во САД, станал аболиционистички лидер кој ја поминал Британија и Ирска, од каде поттекнуваат предците на Бајден.

Бајден го цитираше Даглас во говорот од 2020 година во време кога САД се соочуваа со прашања за современа и историска расна неправда поттикната со демонстрации, кои исто така се проширија и во Велика Британија.

Првата дама на САД, Џил Бајден доби прво издание од „Дрвото на јаболката“ – збирка кратки приказни од британската авторка Дафне ди Мориер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот