ФОТО: Џиџи Хадид ја објави првата фотографија од бебето

Foto:EPA/REMKO DE WAAL

Американската манекенка Џиџи Хадид, пред околу еден месец ја доби ќеркичката со долгогодишниот партнер Зејн Малик. Возбудените фанови сега ја добија и првата семејна фотографија.

Гордата мајка позира покрај својот партнер Зејн, со кој пред месец дена го доби бебето, а кој на фотографијата нежно во рацете ја држи малечката ќеркичка.

Сите тројца се прикладно маскирани и така го одбележаа еден од омилените американски празници – Ноќ на вештерките.

Фото: Инстаграм

Иако сега конечно ја објави својата наследничка, Џиџи се уште во јавноста не го откри името на девојчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот