ФОТО: Џенифер Лопез со необична фризура ужива во када полна со меурчиња

Instagram
Фото: Инстаграм

Пејачката Џенифер Лопез важи за една од најзгодните и најзаводливите музички диви од шоу индустрија и фановите ја обожаваат без оглед на сè.

Речиси секоја фотографија што ја објави на социјалните мрежи привлекува големо внимание во јавноста, а овој пат латино – дивата успеа да го привлече вниманието на фановите и медиумите, со фотографии додека лежи во када.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Овој пат покрај бројните реакции од обожавателите на нејзината фотографија коментираа и многу познати жени кои го пофалија нејзиниот изглед.

Во новата објава, пејачката лежи во када без облека, а поради пената и меурчињата не се гледа нејзиното згодно тело. Со помош на шампонот пејачката направила интересна фризура во форма на „рог“ .

„Шизика“, „Откачена и убава“, „По долго време повторно успеа да ме насмееш,  а притоа ме предизвикуваш“, „Зошто се шминкаш додека се бањаш?“, „Каде отиде долгата бујна коса?“, „Убава како и секогаш“, беа само дел од коментарите по објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот