ФОТО: Џенифер Анистон зачудена како еден од нејзините „Пријатели“ не старее

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил му го честиташе роденденот на долгогодишниот пријател и колега Пол Руд.

52-годишната актерка објави неколку заеднички фотографии, а на една од нив се пошегува како Пол воопшто не старее.

„Среќен роденден! Ти не старееш, што е чудно, но сеедно славиме“, напиша Џенифер.

Фото: Инстаграм

Анистон и Руд заедно работеа на неколку проекти. Глумеа во серијата „Пријатели“, но и во комедиите „Wanderlust“ и „The Object of My Affection“.

Пол го прослави својот 52 роденден, а неговиот младолик изглед веќе со години е тема на социјалните мрежи со оглед на тоа дека актерот речиси ниту малку не се променил од почетокот на 2000-та, кога глумеше во 18 епизоди од „Пријатели“ како Мајк Ханинган, кој на крајот се венчаше со Фиби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот