ФОТО: Џаред Лето повторно во улога на Џокер, но во друг филм!

Instagram
Instagram

Холивудскиот режисер Зек Снајдер на социјалните мрежи објави две фотографии од новиот Џокер, кој ќе го игра оскаровецот Џаред Лето во неговиот филм „Justice League“.

Џаред Лето во улога на Џокер веќе глумеше во филмот „Suicide Squad“, но разликите меѓу тoj и новиот Џокер се навистина видливи. Новиот Џокер, се чини, нема да ја има истата фризура, поточно препознатлива зелена коса, а на лицето нема да има тетоважи, што на повеќето љубители на филмовите со суперхерои не им се допадна оваа промена

Новина е дефинитивно долгата залижана коса, гумени ракавици и автентична шминка.

„Justice League“ на Захариј Едвард Снајдер или попознат како Зек Снајдер е предвидено да се дистрибуира на „стриминг“ платформата „HBO Max“ од 18 март, а бројните љубители на стриповите и суперхероите не можат да го дочекаат овој блокбастер.

Режисерот Зек Снајдер требаше да го режира филмот „Justice League“ од 2017 година, но поради расправија со „Warner Bros“ не успеа, а „HBO“ подоцна му понудија нова можност.

Поради пандемијата на коронавирусот, публиката ќе може да го гледа филмот на платформата за „стриминг“ од првиот ден на дистрибуција, што беше незамислива пракса претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот