ФОТО | Деветте бебиња кои беа родени со рекордното породување во мај, наскоро ќе си одат дома

Деветте деца (пет девојчиња и четири момчиња) кои беа родени со рекордното породување во мај, како што се надеваат лекарите, наскоро ќе можат да си одат дома.

Бременоста на Сисе ја воодушеви западноафриканската нација и го привлече вниманието на властите.

Според ултразвукот направен во Мароко и во Мали, на 25-годишната Халима Сисе од Мали, Западна Африка, ѝ било потврдено дека носи седум бебиња. Сепак, откако започнала процедурата за царски рез, лекарите доживеале уште поголем шок кога откриле уште две бебиња.

Лекарите биле загрижени за здравјето на Сисе, како и за шансите за преживување на нејзините бебиња. Медицинските компликации при повеќекратно раѓање честопати се фатални за некои од бебињата.

Халима Сисe тогаш била во критична состојба поради губитокот на крв при породувањето, а пред породувањето 26-годишната жена имала компликации поради недоволната плодова вода и малата тежина на неродените бебиња. Халима одвај го преживеала породувањето поради компликациите.

Бебињата биле тргнати од инкубаторот на почетокот на август, а Халима Сисе и нејзиниот сопруг Кадер Арби (35) во близина на болницата.

Оттогаш Халима откри дека користела неверојатни 100 пелени и 6 литри млеко дневно, но со помош на армија медицински сестри се грижат за бебињата 24 часа на ден. Признала дека тоа било неопходно.

– Бебињата сѐ повеќе зајакнуваат и се надевам дека наскоро ќе успееме да ги однесеме дома – рекол таткото Кадер Арби.

Цела армија од 18 медицински сестри се грижела за бебињата, кои едно по едно ги префрлале во инкубаторите, додека лекарите се бореле за животот на мајката.

„Бебињата се Божји дар за нас“, рекол гордиот татко.

Докторите првично биле убедени дека Халма носи седумки, што само по себе е многу ретка појава во нивната земја.

Претседателот лично им честитал на родителите и наредил трудницата да биде префрлена во Мароко.

Таа се породила пет недели откако била префрлена од Мали во клиника во Казабланка, а во породувањето учествувале 10 лекари и дури 25 медицински сестри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот